Борбата пак се раѓа! Ванковска на трибина на АФЖ-Левица

Со трибина на тема „Жени во политиката”, и свеченост по повод годишнината од формирањето на Антифашистичкиот фронт на жените на Левица, АФЖ-Л го одбележа Денот на жената, 8 Март.

Во присуство на широк аудиториум, поздравни обраќања на настанот имаа првата кандидатка на Левица за претседател на Р. Македонија, професорката Билјана Ванковска и претседателот на Левица, проф. Димитар Апасиев.

Пред присутните се обрати и раководителката на АФЖ-Л, Весна Кираџиева, која заедно со проектниот тим на трибината ги презентираше резултатите од спроведеното истражување во врска со аспектите на вклученост на жените во политиката и нивните размислувања.

Документот со резултатите од спроведеното истражување можете да го погледнете на овој линк.