Ленка: СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ против намалувањето на патните трошоци на пратениците

Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пратениците, поднесени уште во април месец од страна на Политичката Партија Левица, пратениците одбија да го стават на дневен ред. На фотографијата објавена на фејсбук од страна на пратеникот Димитар Апасиев јасно се гледа дека од присутните 108 пратеници само 19 гласале ЗА оваа точка да се најде на дневен ред.

Предложените измени предвидуваат намалување на патните трошоци за пратениците кои практично ќе бидат сведени на вредност од автобуски билет, ветување кое речиси го има во програмите на сите политички парти, но, во пракса никој досега од нив не се заложил за ова.

Кон критиките за ваквото однесување на пратениците се приклучија од Движењето за социјална правда Ленка. Тие сметаат дека предолго се чека за овој закон да биде ставен на дневен ред, и велат дека со избегнувањето овој закон да биде ставен на пленарна седница, пратениците неуспешно се обидуваат да ја сокријат нивната алчност.

Пратениците, на вчерашната седница на Собранието на Република Македонија, на дневен гласаа за 41 точка (32 предлог закони и 9 предлог закони со европско знаменце). Но, народните избраници не можат да изгласаат намалување на патните трошоци на пратениците (предлог измени предложени од Левица) повеќе од 5 месеци. Тие уште еднаш одбија оваа точка да се најде на дневен ред. ДПМНЕ-СДС-ДУИ СЛОЖНИ ВО КРАДЕЊЕТО НА НАРОДОТ!

Оваа идеја, преку личен пример, ја застапуваат пратениците на Левица, тие се единствените кои се откажаа од патните трошоци.