Левица: Над три милиони рецепти за лекови за смирување се издадени во 2023 година

Повеќе од три милиои рецепти за лекови за смирување се издадени лани во Македонија.

Минатата година се издадени над милион рецепти само за дијазепам, како и за друга терапија која е пропишана за депресија и анксиозност, посочуваат од Левица.

-Ова е еден од најјасните индикатори за деградацијата на условите за живот кои влијаат и врз психичкото здравје на граѓаните, велат од партијата.