Ванковска: Потписите ги собираме без автобуси, без поткуп
Сега ги видовме и официјалните податоци од ДИК за вчерашниот ден – ни фалат помалку од 1000 потписи! Знам дека времето малку се наоблачи, роса зароси, ветре поддувна, ама убаво би било и последниот напор денес да го вложиме – зошто, борба не’ чека, борба за слобода, вели Билјана Ванковска, кандидатката на Левица за претседателските избори.
– Јас би излегла на терен, но морам на погреб на едно златно младо момче, дете на сосед, кое го изгуби животот буквално за два дена. Сите во соседството сме скршени од болка и неме ми се чини неумесно да одам на терен да агитирам за потписи. Знам дека тоа можете да го сторите и само од своја волја и заради својата иднина.
-Утре ќе бидам во Штабот, во Центар, и каде уште треба – ама убаво би било дотогаш да си честитаме на успехот. Без автобуси, без непринципиелни договори, без поткуп и слично. Сами, со своја волја и мотивираност.