Апасиев: Ситно броиме, уште 999 потписи за Ванковска

Во Левица се оптимисти дека можеби уште попладнево нивната кандидатка за претседателските избори, Билјана Ванковска ќе ги собере неопходните 10.000 потписи, кои се законски пропишани, и огфицијално ќе биде промовирана во полноправен учесник во изборниот процес.

-Ситно броиме, уште 999 потписи. Потпишете се за проф. Ванковска уште денес, објави на социјалните мрежи лидерот на партијата, Димитар Апасиев.

Претходно од Левица порачаа дека се сигурни дека партијата ќе има свој кандидат на изборите.