АктуелноИнтернационално

САД го саботираат редот пред портите на БРИКС

На годишниот самит на БРИКС кој треба да се одржи во Јоханесбург следната година, проширувањето ќе биде една од точките на дневен ред, се очекува блокот да размисли за приклучување на земји како Саудиска Арабија, Турција и Египет. А од ИР Иран и Алжир има и официјално барање.

Желбата на Саудиска Арабија и ИР Иран за влез во БРИКС е особено болно за САД, кој 20-25% од своите нафтени резерви по ефтина цена ги набавува само од Саудиска Арабија.

Сега САД се обидува да го саботираат смирувањето на тензиите во Персискиот Залив и Блискиот Исток, бидејќи во последно време има затоплување на односите меѓу Саудиска Арабија и ИР Иран. Тоа е нешто што САД, вклучително и Израел сака да го спречи по секоја цена, и затоа ИР Иран сега е во нивниот фокус, оценува познатиот политиколог и геополитички аналитичар Александар Павиќ.

Коментирајќи ја веста дека неодамна САД испрати борбени авиони во Персискиот Залив и ги сврте кон ИР Иран, како одговор на разузнавачките извештаи дека Техеран планира напад врз Саудиска Арабија, Павиќ вели дека ИР Иран нема интерес да ги ескалира односите со Саудијците.

„Иран ги негираше наводите дека планира да ја нападне Саудиска Арабија. Од друга страна, Саудиска Арабија нема интерес за заострување на односите со Иран, но, може да се случи некој од саудискиот естаблишмент, кој има силни, повеќедецениски врски со Америка, во договор со Вашингтон да ја ослободи таа ‘болва’. Мислам дека треба да му се верува на Иран дека нема такви планови, бидејќи таа земја полека излегува од долгорочна изолација и е во фаза на склучување големи гасни и нафтени аранжмани со Кина и Русија. Исто така, Иран е многу важна точка во евроазиските интеграции предводени од Русија и Кина и поради таа причина, меѓу другото, е трн во окото на Американците“.

 На Западот му пречи секој кој може да се развие надвор од негова контрола и затоа воведува санкции. Принципот е ист кога станува збор за санкции против ИР Иран, Кина, Русија, Венецуела, Куба, Северна Кореја или Србија, посочува Павиќ.

Од друга страна, и Саудиска Арабија полека излегува од „прегратката“ на Вашингтон, па САД ќе направат се за да спречат какво било зближување на односите меѓу Иранците и Саудијците. И Саудиска Арабија покажува интерес да се приклучи кон БРИКС и е веќе во партнерство со Шангајската организација за соработка. Ова се работи кои не им одат во прилог на Вашингтон, и затоа се случува сето ова, заклучува Александар Павиќ.