Нова колонијална војна – овој пат во ЦАР

На 20 декември, во Централноафриканската Република (ЦАР), бунтовничките единици на анти-владината коалиција го зазедоа градот Гримари, кој се наоѓа на 300 километри северо-источно од главниот град на земјата, Бангуи. Јадрото на бунтовничките сили е Движењето Анти-Балака, анти-исламистичко движење формирано од локалните христијански заедници. Бранот востание започна веднаш по објавувањето минатата недела за создавање на Коалицијата на патриоти за промена, во која се вклучени најголемите антивладини групи со вкупен број над 10 илјади луѓе. 

Голем воен судир се случи на 22 декември во близина на градот Бамбари. Во централните квартови на населбата војуваат војската на националната армија на ЦАР и нелегалните вооружени формации. Во Бамбари е забележано сериозно уништување, град кој се наоѓа на 389 км северо-источно од Бамбари (главниот град). Командата на милитантите се наоѓа во селото Босембеле, северно од Бамбари. Бамбари беше заземан од страна на милитантите (23 декември) неколку дена пред изборите во ЦАР, кои сакаат да го спречат овој настан продолжуваат да напаѓаат.

Дел од медиумите пренесуваат дека  претседателот Фостен-Арканж Туадера е под заштита на руски платеници. Рускиот амбасадор во ЦАР Титоренко ја демантираше оваа информација, велејќи дека во земјата има само пет војници на руското Министерство за одбрана. Подоцна Русија испрати околу 300 воени службеници и опрема во ЦАР, информација потврдена од претставникот на владата Анј Максим Казаги.

ЦАР се смета за најсиромашна земја во Африка,  иако е држава со импресивна големина (отприлика како Украина), нејзината популација е само 6 милиони луѓе. До 1960 година ЦАР беше под колонијално управување од страна на Франција, денес традиционално како држава влегува во француската сфера на интереси. Се чини дека носењето на статусот како една од најсиромашните држави во светот, притоа поседувајки огромни ресури (нафта, злато,  ураниум, кобалт, роскал, други ретки рудни богатства), има потреба од промени како внатре во државата, така и со надворешните партнери. Веројатно тоа  е и една од причините заради која ЦАР сака да се „оддалечи“ од франција и бара алтернатива во надворешните партнерства.

Оваа година, нејзиниот претседател Фостен-Арканж Туадера треба да биде реизбран, а првиот круг на избор ќе се одржи на 27 декември. Но, на  поранешниот претседател Бозиза од страна на Уставниот суд на земјата му беше забрането да биде кандидат, со што го принудува да „излезе“ за да се состане со неговите гласачи.

Традиционалната „комфорна“ зона на француска сфера на интерес почна да се нарушува во овој мандат на Фостен-Арканж Туадера кој во октомври 2017 година, се состана во Сочи со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, а во март оваа година Москва официјално ја објави својата одлука за обезбедување на ЦАР и бесплатна воена помош. Ова резултираше со испраќање на околу 200 инструктори во Воениот центар за обука на руски инструктори кој беше сместен во поранешната резиденција на соборениот диктатор Бедел Бокаса.


Во мај 2018 година, претседателот Туадера учествуваше на Економскиот форум во Санкт Петербург, каде се состана со Путин и очигледно доби некакви лични гаранции. После ова функцијата личен чувар на претседателот на ЦАР беше преземена. Како одговор, на Русија им беше дозволен пристап до природните ресурси на земјата и структурите на Пригожин да „вадат скапоцени камења, а исто така покажуваат интерес за рудници на злато и деловна обработка на дрво. Русија е заинтересирана и за богатите наоѓалишта на ураниум и кобалт и, секако, нафтата.

Ваквата политика никако не оди во полза на француската страна со што актуелниот претседател, кој патем е фаворит на наредните избори, се преобрази во непосакуваната личност за нивната страна. После граѓанската војна во ЦАР 2013 година, исламското население во државата беше целосно разоружено, додека на христијанското население ова право не му беше ускратено и се најде во една комфорна доминантна зона. За ваквиот расплет на настаните огромна улога имаше француското замешување кое овозможува директни врски помеѓу овие вооружени (државни и недржавни) сили и Франција. Токму заради оваа врска, дел од аналитичарите сметаат дека Франција не стои од страна да го набљудува процесот, туку има директна врска со ова. Дополнително во знак на протест, француските воени авиони (кои имаат континуирано присуство) го надлетуваа небото на ЦАР. 

Дали станува збор за уште една империјалистичка битка на „ГОЛЕМИТЕ“ во која ќе страдаат „малите“ и немоќните останува да видиме во периодот кој следува. Единствен детал кој дава надеж за евентуално избегнување на нова криза е што дел од контингентот на мировната мисија на ООН, лоциран во Јужен Судан, ќе биде префрлен на територијата на ЦАР во период од два месеци, како што изјави генералниот секретар на Обединетите нации Стефан Дујарик на 24 декември. Она што мора да се констатира е дека за разлика од случувањата на Блискиот Исток и Карабах, овој пат СБ ООН има значително побрза реакција.

Што се однесува до изборите закажани за 27 декември, засега нема информации произнесени од релевантни институции.