Мојсоска не ги вознемирила по етничка основа Бугарите во Македонија

Извесно здружение “ДЕЛО” кое ги промовира негаторските политики на официјална Софија пуштило Претставка до Анти-дискриминаторска Комисија дека “сум ги навредила Бугарите”, вели Јована Мојсоска од Левица.

-Претставката е за пост каде полицијата на Спасовски го тепа народот, кој протестира против врховистичкиот предлог на Бугарија. Од здружението биле навредени што сум напишала “фашистички методи на северџанска полиција за одбрана на бугарскиот врховизам”.

На нејзе не ѝ е јасно зошто воопшто била поднесена претставка против нејзе, но констатира дека Комисијата донела исправна одлука.

-А, ако сами се пронашле врховистите во објавата, не можам да им помогнам, Комисијата сепак утврди дека нема вознемирување по етничка основа и ги помати сметките на ваквите платеници, кои системски ловат коментари на социјални мрежи, за да докажат некаква фамозна дискриминација на бугарскиот народ.