Изборите ќе „изедат“ 10,6 милиони евра

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 84 – та седница ги усвои Регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми за избор на претседател на Република Македонија и како и за парламентарните избори.

Од вкупно доставени 333 барања од медиумите за платено политичко рекламирање за претседателските избори, Државната изборна комисија ги потврди барањата на 37 телевизии, 35 радија, 11 печатени медиуми и 249 портали. Вкупно осум правни субјекти со 10 портали, 1 поткаст и 1 радио се одбиени поради неисполнување на законските услови за регистрација на медиуми за платено политичко рекламирање.

Годинава парламентарните и вториот круг претседателските избори ќе се одржат заедно на 8 мај. Според пресметките на ДИК за платено политичко рекламирање ќе бидат потребни рекордни 10.6 милиони евра.