Ванковска: Фалат уште 20-30 јунаци за да славиме и да се спремаме за битка

Престапниот ден во престапната година поминува, ама фалат уште 20-30 јунаци за да славиме и да се спремаме за вистинската битка! Тетратките ќе бидат во канцелариите на ДИК до 8 март на полноќ. Па кој сака да се запише во историјата на Македонија – бујрум. Ќе имате борец а не дипломат! Паметно е да си имаме и резервна некоја стотка, со администрација никогаш не знаеш, објави на социјалните мрежи Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на Левица.

-Знам дека утре и ќе врне, ама ако јас можам да бидам ваш глас, можете и вие да претрчате до ДИК! Победата мартовска ќе биде, онаа наредната априлска, па да славиме и на 9 Мај – Победа над фашизмот, сподели таа.