Ванковска: Уште третина потписи за незаборавни ТВ дебати

Денес се соочив со два медиуми, а утре вечер ќе ме гледате и на ТВ Клан со Љубиша Николовски. Ако ви беше интересно , само замислете како ќе изгледа со уште 6-7 противкандидати и размислете дали би сакале да гледате такви претседателски дебати, објави на социјалните мрежи Билјана Ванковска, кандидатката за претседател на Левица.

– Ако е одговорот да, тогаш побрзајте деновиве до канцелариите на ДИК да ми ја “оверите” лиценцата да учествувам и ветувам дека нема да зажалите. И конечно, не морате дури ни за мене, ама одете од инает на она арогантно автократско суштество што сака да ја води земјата да му покажете дека и вие сте народ, а не неговата армија што ќе ја пушти на 3 март, небаре за избори се работи, посочи таа.

Инаку претходно таа објави дека ѝ се неопходни уште третина потписи, за да стигне до законски пропишаните 10.000.