Не им пречат дивоградби во Охрид, ама и пречи штандот на Левица
Виолета Аврамовска од Охрид реагираше на социјалните мрежи, откако локалната власт на нејзиниот град се обиде да го тргне подвижниот штанд на Левица/
– На Општина Охрид , на Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид и на @Александар Китески Секретар на Општина Охрид не им сметаат дивоградбите на нивниот тендер – партнер Нефи Ик, ни узурпираните тротоари од страна на сопствениците на угостителски објекти (нивните финансиери) со урбана опрема, ама им смета подвижниот штанд на Левица, напиша Аврамовска на Фејсбук.