(Видео) Акција на Левица – Ѓорче Петров поставени куќарки и храна за локалните миленици

  • Акција на Левица – ЛО Ѓорче Петров по повод Светскиот ден на милениците

Во изминатиов период, Левица, институционално, материјално и практично – помогна на многу семејства во општина Ѓорче Петров. Постапувавме и помагавме кога директно нѝ се обраќале за помош, но и тогаш кога сами ќе воочевме некоја потреба, проблем за којшто би можеле да помогнеме.

Овој пат, по повод Светскиот ден на љубовта кон миленичињата, решивме да им помогнеме на немоќните, безгласните – маалските миленичиња. Во соработка со жителите поставивме опремени куќарки на локации каде гравитираат повеќе бездомни кучиња за кои обезбедивме и храна.