Мадуро: САД и Европа управуваат со Украина како со колонија

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро изјави дека САД и Европа управуваат со Украина како со колонија. Според него, Киев ги отфрлил Минските договори поради позицијата на прозападната елита во земјата, пренесе РИА Новости.

„Договорите од Минск беа прекршени и отфрлени од елитата што владее со Украина и е безусловен сојузник на САД и Европа. Со оваа земја се управува речиси како со колонија.“ – Нагласи лидерот на Венецуела.

Зборувајќи за Украина, претседателот на Венецуела потсети на тоа во каква економската ситуација се наоѓа Украина по интевизирањето на сојузништвото со САД и ЕУ.

„Економијата на земјата е уништена, економијата на Украина е уништена од Бајден и НАТО од целата оваа кампања насочена кон поставување бази за нуклеарно оружје насочени кон Русија. – Тоа е апсолутно неприфатливо!“, – рече Мадуро.

По ова прашање Мадуро не заборави да потсети и на односот кој го негува западот кон остатокот од светот, земјите кои не се согласуваат со нивната политика и нивните постојани обиди да воспостават контрола и доминација над овие земји.

„Тие ги напаѓаат Русија, Кина, Иран… тоа е стариот колонијализам и старите комплекси на НАТО и Европската унија. Екстремната десница е на власт во Украина, таа се користи како западна колонија. Западот никогаш немаше намера да го решат конфликтот со Русија преку дијалог. Сите сега се подготвуваат заедно да ја опкружат Русија и воено да ја освојат.“

На крајот од обраќањето, претседателот Мадуро истакна дека во овој конфликт Венецуела цврсто стои на страната на Русуја.

„Венецуела, се разбира, ќе застане на страната на Русија, а чавистичката револуција ќе застане до Русија. Рускиот мир е светски мир, а ние го браниме светскиот мир и ги отфрламе сите воени и стратешки напади врз Русија. Венецуела премногу добро ги знае овие методи, бидејќи поминавме низ тортура кога во 2018 година американската влада и нарко-олигархијата се обидоа да ме ликвидираат. Убедени сме дека Русија ќе излезе како победник од ова“.