АктуелноЛокалноНастани

Албанската опозиција се обедини на денот на косовската независнот

Алијанса за Албанците на Арбен Таравари, Демократско движење на Изет Меџити, Движењето БЕСА на Биљал Касами и Алтернатива на Африм Гаши. Декларацијата ја потпиша и Беким Ќоку, поранешен пратеник во македонското Собрание и член на Самоопределување на косовскиот премиер Албин Курти, денеска потпишаа декларација за заедничка политичка борба.

Kоалицијатата која ќе му се спротивстави на ДУИ на претстојните избори е наречена „Вредност“.

Декларацијата е потишана денес, на денот кога Косово одбележува 16 години од независноста – датум што го спомена и Меџити. Косово се празнуваше и низ песна за време на настанот, додека на почетокот интонирана беше албанската химна, а на свеченоста изостануваа македонски симболи.

„Денес со потпишувањето на оваа декларација, на овој ден кога ја одбележуваме и независноста на Косово, поставуваме темели на нова ера кај албанските партии. Дојдено е времето за голема политичка промена во земјата“, порача Меџити.

Таравари кој ќе биде претседателски кандидар на опозициските партии од албанскиот политички блок, пак, рече дека со декларацијата се официјализира соработката помеѓу албанските опозициски партии првпат после 2011 година.

„Многу сум среќен што потпишавме Декларација за соработка и се надевам на 8 мај ќе се случи долгоочекуваната промена во албанскиот политички блок“, рече Таравари.

Касами изјави дека вклучувањето на АА во коалицијата ја покажува одлучноста, револуционерниот дух и волјата за промена на албанскиот народ.