Пропаѓаат туристичките аранжмани во странство, се откажуваат авионски летови

Проблемот со пасошите прави големи проблеми и во секторот туризам, откако поголем број на букирани патувања во странство секојдневно се откажуваат, а пропаѓаат и резервациите за авионските билети.

Останува незизвесно што ќе се случува и со оние групни средношколски екскурзии организирани од училиштата бидејќи сеуште нема обрасци за издавање на патни исправи.

Освен со патниците, туристичките агении имаат проблеми и со документите за нивните вработени, но и со документите за автобусите кои треба да ги возат турите.

Доколку во најскоро време не се најде некое соодветно решение за овој проблем кој впрочем и беше наметнат на граѓаните, оние што немаат пасоши со „Северна Македонија“, ќе останат да летуваат во домашните туристички центри.