Една Бонева го надмудри правниот систем на Македонија

Основниот кривичен суд Скопје, на јавна расправа ја ослободи обвинетата Силвана Бонева за кривичното дело Измама во службата во делото познато како „Друмарина“.

На судската пресуда реагираше лидерот на Левица Димитар Апасиев, кој смета дека поранешната пратеничка на ДПМНЕ го надмудрила правниот систем на Македонија.

– Една Силванева Бонева го надмудри и патниот и платниот и правниот систем на Северџанија. Удавете се кај шо мочаат жабите, ебате тоа неспособните обвинители.

p.s. Сите ДПМНЕвски функционери се прописно “амнестирани” пред избори. Бугаризацијата може да почне, напиша Апасиев на социјалните мрежи.