На Македонија ѝ се потребни работници, а не војници, вели министерката

Нема зголемена безбедносна закана, ниту финансиска оправданост за враќање на задожителното служење на воениот рок во Македонија, смета министерката за одбрана Славјанка Петровска, додавајќи дека со одењето во војска, младите би биле недостапни за пазарот на трудот.

– Меѓутоа и не само од аспект на закана, тоа ќе значи вложување на многу дополнителни финансиски средства и што е уште поважно тоа ќе значи дека на сите оние коишто ќе наполнат 18 години, ако тој биде задолжителен како што се размислувањата, идеите…, младите од 18 години нема да можат да бидат активни на пазарот на труд во тој период, ниту пак да го продолжат навремено образовниот процес. Така што тоа се во денешно време, кога знаете како младите жедни би рекла или да научат нешто повеќе или да заработат, прекратувањето или одлагањето на тоа нивно право мислам дека повеќе ќе биде на штета не само на нив, туку и на државата – вели министерката за одбрана.

Задолжителната воена обврската во Македонија беше укината во 2005 година.