Левица го објави претседателскиот кандидат

На денешната пресс-конференција која се одржа во „Клубот на новинари„, Политичката партија Левица соопшти дека кандидат кој го предлагаат за Претседател на следните претседателски избори е БИЛЈАНА ВАНКОВСКА!

На пресс-конференцијата каде се обрати лидерот на партијата Апасиев, свое обраќање имаше и кандидатот за претседател, а присуствуваа и раководителот на Претседателскиот изборен штаб Реџеп Исмаил и портпаролот на кандидатката Моника Маневска.

Билјана Ванковска е доктор на политички науки, редовна професорка на Филозофскиот факултет во Скопје, а професор е и на Европскиот мировен универзитет во Шлајнинг – Австрија. Таа важи за еминентен левичар кој во текот на својата кариера е еден од најголемите критичари на секоја власт.

Пред десет години професорката се кандидираше за претседател како независен кандидат, но тогаш, под јаремот на бирократските процедури не успеа да ги собере потребните потписи за кандидатура. Денес, како кандидат од Левица таа е уверена дека со поддршка на членството од пратијата, ќе ја победат најголемата бирократска пречка и ќе истрчаат на претседателските избори, како единствен кандидат, чии видувања по однос на ингеренциите на претседателот се целосно различни од оние на кандидатите од најголемите партии!