Левица: Возможно е решавање на бездомништвото и станбеното прашање

  • Политичката партија Левица започна со општествено одговорна кампања, во која споделува како останатите земји од светот ги решава проблемите со кои се соочуваме во нашето општество. Од партијата со оваа кампања имаат за цел да покажат дека многу решенија за проблемите со кои се соочува народот и државата има едноставни решенија, но недостасува политичка волја, статус кво, кое може да се промени единствено со зголемување на политичката моќ на партијата. Денес тие споделија како Финска го реши проблемот со бездомништвото, во прилог соопштенито од Левица:

Финска на домувањето гледа како на основно човеково право. Во 2008 година, финската влада се обврзала на политика „Прво домување“ како дел од напорите за ставање крај на бездомништвото. Финската дефиниција за бездомништво е пообемна од онаа на останатите земји, односно опфаќа и „луѓе кои привремено престојуваат со пријателите или семејството“ (како резултат на оваа дефиниција, тие проблемот го решаваат на долг план и најефективно, бидејќи ја имаат разбрано суштината).

Моделот Housing First е ‘средство’ за да се даде дом на лице кое се соочува со бездомништво, притоа без никакви услови. Од овие луѓе не се бара прво да се вработат, да се отрезнат или да направат какви било промени во животниот стил – прво се обезбедува домување. Се водат по идејата дека кога луѓето ќе имаат постојано домување – тие ќе можат да ја побараат помошта што им е потребна за да го подобрат својот живот. Овој пристап успешно го намалил бројот на луѓе кои се соочуваат со бездомништво, а до 2027 се очекува бездомништвото целосно да се искорени. Всушност Финска наложи најмалку 25% од становите во градот да мора да бидат достапни, социјални станови. Ова го задржа пристапот до прифатливи станови по реална можност за оние кои се соочуваат со бездомништво и ја спречи Финска да се соочи со станбената криза со која многу земји во Европа моментално се соочуваат.

Левица се залага за згрижување на сите бездомници и градење општествени станови кои ќе им се продаваат на финансиски ограничените граѓани (без учество и со 0% реална камата).

#ВозможноЕ, но од народот зависи!