Захарова му предложи на Бајден да го „ослободи“ народот на Тексас
Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија го повика американскиот претседател, во согласност со американската традиција за демократија, да го ослободи Тексас, кој се повеќе им се спротивставува на властите во Вашингтон.
Сега е вистинско време американскиот претседател Џозеф Бајден да ја собере меѓународната коалиција и да ги „ослободи“ жителите на Тексас во име на демократијата, напиша на Телеграм каналот портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, коментирајќи ги последните настани во оваа американска држава.
Гувернерот на Тексас, Грег Абот, изјави дека е подготвен за потенцијална конфронтација со американските федерални власти околу отстранувањето на бариерите долж границата на државата со Мексико. Инаку, оградата е подигната за да се спречи приливот на илегални мигранти во САД, кои се во се голем број.
Само во декември 2023 година, граничарите регистрирале 371.036 илегални преминувања. Абот додаде дека Тексас има намера да продолжи да подига нови бариери.
Коментарите, да потсетиме, следеа откако Врховниот суд на САД го поддржа барањето на администрацијата на Бајден и донесе одлука за отстранување на бодликавата жица на границата со Мексико.
Властите на Тексас најавија дека овој чин е „инвазија“ и дека оваа држава планира да преземе мерки за да се заштити од инвазијата на мигрантите. Тексас, ќе ја спроведува сопствената политика додека федералните власти не се справат со ситуацијата на границата.
Многу републиканци, го обвинија Бајден дека не сака да се бори против илегалната имиграција и да се солидаризира со властите во Тексас.