Левица: Дехари живее во стан кој не го пријавил изграден од компанија – донатор на ДУИ

  • Реакција на Левица – ЛО Кичево

Не престануваат скандалите за функционерите на ДУИ и компаниите блиски до нив. Имено, во медиумите излезе информација дека градоначалникот Фатмир Дехари живее во непријавен стан, сопственост на градежната компанија „АС Сењак“ и бизнисменот Селаудин АРИФИ.

Фактички, градоначалникот на Кичево живее во стан, кој е во сопственост на компанијата „АС Сењак“. Оваа контроверзна компанија е една од омилените бизнис-партнери на Дехари, па истата е во топ пет фирми кои добиле најмногу ТЕНДЕРИ од општината.

Како ова да не е доволно, токму бизнисменот Арифи е во сватовски врски со лидерот на ДУИ, Али АХМЕТИ. Додека и Македонците и Албанците во Кичево масовно се иселуваат, очигледно компаниите на роднините на Ахмети го зголемуваат своето богатство. Изминатиот период, сватот на Ахмети, Селаудин Арифи, стана и доминантен сопственик на „Жито Караорман“.

Катастрофалната состојба во Кичево најдобро го отсликува НЕКАЗНЕТОТО владеење на иредентистите од ДУИ. Додека Ахмети заговара дека Албанците конечно ги добиле своите права, реалноста е дека обичниот Албанец живее во беда и сиромаштија, како и обичниот Македонец. Жителите во Кичево се принудени да се лечат во болница стара над 30 години, додека фамилијата на Ахмети добива милионски тендери.

Јасно е дека единствените кои живеат подобро од владеењето на ДУИ се Ахмети и Груби и нивните фамилијарни компании❗️