АктуелноЛокално

Гостувањето на Апасиев во „Лазаров подкаст“ ги собори сите македонски рекорди на гледаност

Синоќешното гостување на претседателот и пратеник од политичката партија Левица, Димитар Апасиев, во подкастот „Лазаров“ ги собори рекордите на гледаност во живо во Македонија, со преку 11.000 гледачи во живо.

Меѓу другите теми, Апасиев ја истакна заложбата на Левица за враќање на уставното име на Република Македонија, истакнувајќи дека „северна“ е „дивоградба“.