Банките со профит од над 200 милиони евра за 9 месеци

  • Фејсбук статус на Јулијана Штрковска Колариќ – координатор на Сектор Финансии при Политичката Партија Левица

„Нашиве“ банки со претежно странски капитал, заработија безмалку 200 милиони евра профит за девет месеци, од кои 150 милиони евра остварија триото Комерцијална, НЛБ и Стопанска Банка АД Скопје.

Приходите од камати во споредба со минатата година им се зголемени за 50 отсто.

Сето ова е благодарение на Народна банка, која ги покачи каматните стапки и им овозможи законски да профитираат.
Кредити се знае кој зема – сиромаштијата.

Богатите ги вложуваат своите депозити во акции или обврзници и стекнуваат високи приходи. Ним не им требаат кредити за да го решат станбеното прашање, да купат автомобил или да закрпат некоја дупка во семејниот буџет.

Банките не ги остварија овие профити затоа што работат многу подобро и многу повеќе, туку само затоа што државата им го овозможи тоа.