Големата Игра продолжува – „Црниот Лебед“ кружи над Евразија

  • Став на Дарко Тодоровски e Магистер по меѓународни односи и Воен аналитичар

Во 2019 година, американскиот стратешко истражувачкиот центар RAND (дете на ЦИА), кој што работи по нарачка на ЦИА, американската влада, Пентагон, и другите организации и институции поврзани со нив, објави извештај под наслов „Extending Russia: Competing from Advantageous Ground“. Се работи за стратешки извештај за активизација на Хибридната и психолошка војна против Русија на сите фронтови.

May be an image of text that says 'CHAPTER FOUR Geopolitical Measures. Measure 1: Provide Lethal Aid to Ukraine 96 Measure 2: Increase Support to the Syrian Rebels ............ 103 Measure 3: Promote Regime Change in 109 Measure 4: Exploit Tensions in the South Caucasus. 115 Measure 5: Reduce Russian Influence in Central Asia 121 Measur Challenge Russian Presence in Moldova 130 135'

Но посебно е интересна 4-та глава, особено за настаните во Казахстан, како и за настаните во последните неколку години. Тоа е дел од Стратегијата за „Создавање на точки на нестабилност“ во близина на Русија, се со цел да не се дозволи Русија да ги насочи своите сили, ресурси, енергија на еден правец. Во 4-та глава, под наслов Геополитички мерки, е наведено:

1. Снабдување со смртоносно оружје за Украина. Извршено и во тек е војна.

2. Поддршка за терористите во Сирија. Извршено но неуспешно.

3. Обид за промена на режимот во Белорусија. Извршено но неуспешно.

4. Влошување во Јужен Кавказ. Извршено – војната помеѓу Азербејџан и Ерменија.

5. Намалување на руското влијание во Централна Азија (Казахстан). Во тек.

6. Предизвикајте го руското присуство во Молдавија. Во тек, успешно.

Западот, посебно Лондон и Вашингтон, знаат дека Русија за разлика од СССР е слаба со меката сила. Но, и Лондон а и Вашингтон, а и Западот уште од времето на Бизмарк знаат дека Русите се мајстори на занаетот во Директните судири, и дека во тој поглед се ненадминливи.

“Русите бавно ги оседлуваат своите коњи, но потоа бистро галопираат и рушат се пред себе“ – Бизмарк

Големата Игра продолжува, „Црниот Лебед“ кружи над Евразија, и може да доведе до Трета Светска Војна.

Целиот извештај на RAND во првиот коментар. (Во извештајот има дел и за милитаризација на Црното Море и на Балканот, како дел од стратегијата на трите мориња)