Левица: Нема притвор за тепачот Беким Незири – функционерите на ДУИ се недопирливи благодарение на СДС и ДПМНЕ

  • Реакција на Политичката партија Левица

Додека Исмет Гури (поранешен функционер на ДУИ) е во бегство, за Беким Незири судијата Пајазит Пајазити одби да изрече притвор, иако Незири се сомничи за најтешко кривично дело за кое е предвидена затворска казна од минимум 5 години!

ПАЈАЗИТИ е судијата на претходна постапка, кој не го прифатил предлогот на ОЈО за притвор на Беким Незири за нападот во М-НАВ. Овој судија е заменик-претседател на Кривичниот суд Скопје, додека во времето кога Груевски беше во бегство, бил судија за санкции кој ја носел одлуката за издржување на казната затвор. И овој судија се поврзува со криминогената ДУИ, што потврдува дека целокупниот правосуден систем е ОКУПИРАН од недопирливите ДУИ.

Потсетуваме дека ова не е прв инцидент на функционерот од ДУИ, односно при сличен ваков инцидент во 2010 (во кој напаѓач исто така бил Незири) снимките од сигурносните камери биле избришани. За ваквиот инцидент, не само што Незири не одговарал, туку лицето кое било нападнато подоцна се иселило и од државата поради заканите од Незири!

Наместо партиските директори на ДУИ во М-НАВ да го релативизираат насилството, истите треба веднаш да дадат ОСТАВКА и да се иницира постапка за да се расветли случајот со приватната агенција за обезбедување “2СС Секјурити”. Оваа агенција е во сопственост на САМИР БИЛБИЛОСКИ од Кичево, кој важи за човек близок до Ахмети.

Левица БАРА институциите веднаш да го испитаат работењето на Агенцијата “2 СС Секјурити” и какво е влијанието на Ахмети за делењето милионски тендери на оваа агенција од Кичево.

Безбедносниот инцидент во воздушниот сообраќај, кој за малце можеше да прерасне во катастрофа, докажа дека безбедноста не смее да биде во рацете на приватните агенции за обезбедување и дека приватизацијата на јавниот сектор е погубна во секоја сфера!