Јованов: Сакате промени?
Пишува: Тамара Јованов – редовен професор на УГД – Штип
Сакате промени?
Еве како биваат, а како сигурно не:
Наивно е да се верува дека граѓански активизам тука, со овој степен на окупираност на системот, со овие правила на игра, може да смени било што!Промената, сериозната која ни треба, мора и единствено може да дојде институционално, преку освојување на власт, што пак е возможно само преку организиран политички отпор, познат како политичка партија!
Смешно е возрасни луѓе да бегаат од таква организација, затоа што досегашните грешеле и не им се допаѓаат.
Организација како и секој друга, која ако ја водат чесни луѓе, може да биде промената!
Немало за паметните трета опција? Мајката?!
Има, се вика Левица чесни се, храбри, учат, растат.
Кога ќе направите вие паметните, трета опција од грас-рут движење, без финансии од лоби групи, со главата во торба и сериозни други последици (отпуштања од работа, невработување и дискриминација по тој основ, закани, јадење ќотек, страв за децата…), која после еден мандат тежи над 100.000 гласови со медиумска блокада во трулиов систем, тогаш може да го слушнеме ценетото мислење на господата за кои нема опции, а не прават ништо самите.
Во меѓувреме, тешете се дека нема, за да не мора да мрднете со малиот прст и да може да си живеете во меурот тука или во странство.
Тоа што голем дел од “паметните” имаат проблем со авторитет (кој инаку го има во било која организација со било каква хиерархија), а притоа не сакаат самите да влезат во огнот, покажува дека може се паметни за својата професија и себеси, ама не задолжително и за општеството и заедницата, оти ним најголемиот проблем е некој да не им кажува што да прават, па макар било и корисно. Значи, од егото не гледаат подалеку.
Воедно, суетата да себеси се стават над сите други како паметни наспроти глупавите, покажува само дека се станати или родени како најобични снобови!
Ограниченоста на еден ум кој не разбира дека сите слоеви на општеството мора да посегнат по промената, а не само некоја авангарда, е доказ дека може да имаш диплома од некоја струка, ама пак да си целосен политички аналфабет!
Нема да се извалкате ако соработувате со обичниот македонски народ, господа! Тоа се луѓето кои ви ги чистат маалата, ви ја создаваат храната, работат на празници за да може да си купите тоа што ви треба, а не сте можеле во работен ден, кои ви ги подучуваат децата, кои ве возат од една дестинација до друга за да стигнете навреме за својата работа…
Ако решението како многу паметен ти е бегање, тогаш е јасно дека ти не сакаш да дадеш жртва преку борба и дека си себичен и кусоглед.
Ставањето на работите во обланда, не и’ помага на државата, воедно ниту на народот.
Кога ќе разберат паметните дека тука мора да има радикални промени, без влакна на јазикот и дека за да ја биде некогаш работата, некој мора да и да изгори во процесот, тогаш може ќе биде и побрзо.
Дотогаш, тие имаат најмал кредибилитет за муабет, а најголема вина.
Не било возможно?
Не е лесно, секако, ама фала богу има и луѓе кои веруваат, па полека ама сигурно поставуваат пат за да стане возможно.
Паметен (инаку сам себе да се нарекуваш така е крајна претенциозност), без храброст и надеж никогаш не станал херој, попрво конформист.
Таквите никогаш и никаде не менуваат нешто значајно, освен за себеси!