Левица: Сопругата на адвокатот на Заев изгласана за член на антикорупциска
- Реакција на Политичката партија Левица
Со 97 гласа „ЗА“ пратениците на широката коалиција составена од СДС, ДПМНЕ и ДУИ, минатата недела заеднички го изгласаа новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата.
За нов член на Антикорупциската комисија е избрана судијката СОФИЈА Спасова Медарска, сопруга на партискиот адвокат на Зоран Заев – ФИЛИП МЕДАРСКИ кој го застапуваше во случајот „Поткуп“. Токму ДПМНЕ во минатото обвинуваше дека фамилијата Медарски го има узурпирано правосудниот систем, каде обвинителка во вишо ЈО е мајката на Филип Медарски – ЕЛИЦА МЕДАРСКА.
По којзнае кој пат се потврдува работата на оваа #ШирокаКоалиција во Собранието, особено кога станува збор за партизација на институциите. Довербата во работата на судството е минорни 2%, додека овие три партии правосудните институции ги имаат претворено во фамилијарни династии.
За ваквиот скандалозен избор на новиот состав на ДКСК реагираа и од Платформата на граѓански организации. Тие обвинија дека процесот на селекција бил пристрасен и партизиран, што доведува до загриженост за непристрасноста на новоизбраните членови.
Левица со нетрпение очекува да ги види “резултатите” од борбата против корупцијата, која треба да ги спроведе сопругата на адвокатот на аболицираниот поранешен премиер.