Левица: Дипломатите на Османи со “СЕВЕРНОМАКЕДОНСКИ” идентитет
Реакција на политичката партија Левица
Во официјално соопштение на македонската амбасада за одржана гала церемонија (организирана од дипломатскиот кор акредитиран во Норвешка), на чело со Амбасадорот Дритон КУЌИ, речиси цела недела стоеше придавката „СЕВЕРНОМАКЕДОНСКИ“.
На ниту еден вработен во амбасадата или од дипломатскиот кор, не му беше проблем, што во официјалното соопштение пишува „…пијалоците од северномакедонските винарии…“.
Предупредувањата на Левица за Преспанскиот договор веќе ги надминуваат и најцрните сценарија. Ако досега се плашевме и често се случуваше од другите земји да нè нарекуваат „северномакедонци“, дипломатите на Османи, се надминаа себеси и почнаа самите, се она што е македонско да го нарекуваат „северномакедонско“. Застрашувачки е фактот што ова не е ваков прв случај, уште пострашно е што не е ниту последен!
За новиот „блесок“ на дипломатска писменост, беше објавено во некои медиуми, по што, плашејќи се од реакцијата на јавноста, од официјалното соопштение придавката „северномакедонски“ беше избришана, а во обид да се прикрие новиот скандал, веста на медиумите беше експресно избришана и повеќе истата не може да се најде.
Штетите од „Преспанскиот договор“, скроен во странските амбасади, а спроведен од Власта на СДС и ДУИ, на чело со Заев и Димитров, се чинат ненадоместливи! Наследниците на овој договор, Ковачевски и Османи продолжуваат понизно да ја имплементираат неговата ништовност по македонскиот идентит. #Левица останува единствена парламентарна партија чија основна заложба е раскинување на овој квислиншки договор, за кој во пракса сведочиме дека е еден од убијците на македонскиот идентитет.