Трибина: „Книжевната сцена во современиот културен контекст“ во КИЦ

ТРИБИНА: „КНИЖЕВНАТА СЦЕНА ВО СОВРЕМЕНИОТ КУЛТУРЕН КОНТЕКСТ“

На 6 декември (среда), со почеток во 12 часот во Културно информативниот центар – Скопје, Салон – Империјал 1 ќе се одржи Трибина: „Книжевната сцена во современиот културен контекст“.

Модератор на настанот ќе биде Ана Јовковска, авторка, новинарка и културна истражувачка

Говорници:

– Петар Андоновски, автор
Живко Грозданоски, автор и книжевен преведувач
– Јулијана Величковска, авторка, уредничка во „ПНВ Публикации“, директорка на „Скопскиот поетски фестивал“ и програмска директорка на „Поетска ноќ во Велестово“
– Владимир Јанковски, автор и уредник во издавачката куќа „Готен“

„Книжевната сцена во современиот културен контекст“ е дебата во организација на авторката, новинарка и културна истражувачка, Ана Јовковска во рамки на програмата за литературна дејност „Македонски книжевни текови“ на Културно Информативен Центар- Скопје, сo цел развој и афирмација на литературата и издавачката дејност во Република Македонија.

Настанот е замислен како еден вид платформа за креативен дијалог и критичко размислување со современи македонски автори кои имаат значајна улога во креирањето на моменталните книжевни текови, културни теории и политички светогледи. На дебатата преку делата на авторите, всушност, ќе се адресираат важни општествени прашања: современите предизвици на книжевноста, културната продукција, уметноста, културните идентитети, медиумската култура и друго