Владата во паника – блефот со закани за казнување поради бојкот на пописот не успеа!

Откако власта насилно, без поширока согласност надвор од тесното и лукративно обезбедено мнозинство, бескурпулозно искористуваќи го институтот на „европско знаменце“, донесе Закон за попис, таа буквално ги озакони сите механизми кои овозможуваат нереален приказ на етничката стуктура во Македонија. Впрочем, обидот за примена на слични методи беа причина за откажување на претходниот попис.

Власта, соочена со општо-народниот отпор кон ваквиот легален фалсификат, неколкупати преку своите функционери, особено преку директорот на ДЗС, Апостол Симовски, се закани со кривично гонење на оние кои нема да прифатат да учествуваат во легитимацијата на ваквиот фалсификуван попис.

Но, откако тврдењето на владејачката партија СДСМ дека пописот е само статистичка операција беше погазено и од првиот „вицепремиер” во власта – Артан Груби, (кој патем во меѓувреме, заедно со министерот за надворешни работи Бујар Османи, се во интензивна кампања за мобилизација на албанската дијаспора за учество во самопопишувањето), власта се обиде со закани да ги присили граѓаните да го легитимираат фалсификатот, па посегна по цензура во медиумите каде ваквиот нивни блеф беше тотално разобличен. 

По најавите за кривични казни за непопишување од страна на Арсовски, претседателот на Левица, Димитар Апасиев даде изјава во која за Канал 5 во која образложи дека во Законот единствено предвидено кривично дело е уништување на пописен материјал, а сѐ друго е само блеф на Владата. Потоа, владиниот портпарол Душко Арсковски во два наврати се обидел да изврши цензура врз ТВ Канал 5.

Блефот на Владата со закани за кривично гонење беше разобличен и од адвокатот Звонко Давидовиќ, кој во коментар за Слободен печат, рече дека во македонските закони не постои кривично дело „поттикнување на бојкот“ и нема никакви можности кривично да се гонат поттикнувачите. 

“Повиците за бојкот се на тесна граница со слободата на изразување и нормално е да постојат различни мислења за спроведување попис во една вака ненормална ситуација, во услови на пандемија и голем број заболени”, оценува Давидовиќ. 

Сличен став искажа и адвокатот Пешевски, кој подвлече дека во состојба на прогласена пандемија кривично дело e примaњето попишувачи во вашиот дом, a не одбивањето да се попишеш. Пешевски уште и истакна дека бојкот на криминал не е и не може да биде кривично дело.

Кулминација на сѐ беше гостувањето на претседателот на Левица, Димитар Апасиев во емисијата „Само Вистина“ на ТВ Канал 5. Во моментот кога требаше да се зборува за темата попис, „мистериозно“ снема струја во телевизиската куќа, со што емисијата беше одложена за речиси цел саат. После прекинот дури се обрати и директорот на ТВ куќата  Мирчевски, кој објасни дека се работи за „мистериозно“ прекинување на електричната енергија на две од фазите и проблем со покренувањето во функција на резервниот агрегат.

На сето ова се надополнува и сеуште недефинираниот став на Мицковски кој е под голем притисок на поширокото членство на ДПМНЕ за дефинитивен бојкот на пописот. Вчера дознавме дека премиерот Заев го прифатил предлогот на лидерот на ДПМНЕ, Христијан Мицковски за лидерска средба. Истата е закажана за понеделник, каде се очекува главна тема да биде пописот.