Захарова: Вашингтон е „де факто“ одговорен за украинските нападите врз цивилно население

„Вашингтон е ‘де факто’ одговорен за нападите на Киев врз цивили“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи.

„САД го создадоа „режимот“ на украинскиот претседател Владимир Зеленски, што значи дека е природно Вашингтон да ја игнорира употребата на терористички тактики од Киев во конфликтот со Москва“, тврди портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова во интервју за РТ.

Коментирајќи ја неодамнешната статија на американскиот претседател Џо Бајден објавена во Вашингтон пост Захарова додаде дека Вашингтон го осудува тероризмот извршен од палестинското милитантно движење Хамас, но ги одобрува акциите на Киев

Портпаролката рече дека тоа е пример за двојните стандарди на САД, што таа го нарече „клучен проблем“ на администрацијата на Бајден.

„Администрацијата на Бајден беше таа што го создаде режимот на Зеленски. Згора на тоа, го хранеше со пари, оружје и, што беше најстрашно, имаме неказнивост за сите злосторства“, тврди Захарова.

Таа додаде дека и претходно , кога САД „инвестирале“ во демократијата на Украина, парите завшувале за оружје, кое подоцна е искористено за напаѓање на населението во Доњецк, Лугањск, Харков и Одеса.