АктуелноЛокално

Левица: ДПМНЕ и СДС слават заедно со хоштаплерите од БРАКО – Елитата во војна со народот

  • Реакција на Политичката партија Левица

На корпорацискиот прием во скопскиот хотелот „Александар Палас“ се обедини елитата за да ги слави ,,успесите” на Брако – како 14-те изгорени луѓе во модуларната болница во Тетово, увозот и горењето на отровен мазут и ловот на новинари.

Секташкиот карактер на оваа елита-крвопијци на сопствениот народ, во полн сјај, на едно место ги собра криминогениот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, инсталацијата на крупниот капитал во политиката Христијан МИЦКОСКИ, како и останати претставници на широката коалиција помеѓу ДПМНЕ, СДС и капиталот, меѓу кои, Фатмир Битиќи, Александар Николоски и Љупчо Николовски.

Никогаш претходно не била повеќе изразена суштинската поделба на општеството. Во годините кои претходеа, сведочевме на инстанци на масакрирање на граѓаните на Република Македонија поради незаузданоста на фирми како Брако, на што следеше солидарност помеѓу политичката и бизнис елитата за да се попречи испорачување на правдата. Никогаш претходно, не била повеќе изразена коалицијата помеѓу олигархијата на ДПМНЕ, СДС и ДУИ.

Во преломни времиња, во услови на војна помеѓу елитата и народот за превласт во сопствената држава, мобилизацијата на народните маси ги бранува околностите пред наши очи. Затоа, зачестија и глетките каде ДПМНЕ и СДС се наоѓаат заедно помеѓу своите, првите профитери од големите домашни фирми, странските клептомански инвеститори и амбасадорите – оние за чии интереси ВЛАДЕАТ ЗАЕДНО.

Затоа, како пожар на обединувањето на обичните луѓе кој ќе го исчисти коровот кој ја гуши почвата во која сме вкоренети, #Левица и народните идеи се шират молскавично и наскоро ќе ги стигнат портите на нивните заеднички палати.