Каква е нееднаквоста по приходи во Македонија?

Според податоците на WID.world, Македонија има најмала нееднаквост на приходи на Балканот во 2022 година. Најбогатите 1% земаат 7,5% од вкупните приходи, а најбогатите 10% речиси 30%. Од друга страна, најсиромашните 50% имаат само 19,4% од вкупните приходи.

Црна Гора, Албанија, Косово, Хрватска и Словенија се на слично ниво, со тоа што во Словенија најсиромашните 50% имаат 22,1% од вкупните приходи, што е највисоко од сите балкански земји.

Нееднаквоста е најголема во Турција и Бугарија. Најбогатите 1% во овие земји имаат речиси 19% од вкупните приходи. Дополнително, најбогатите 10% Турци имаат речиси 52% од вкупните приходи, а најбогатите 10% Бугари 44%.

За споредба, на ниво на ЕУ, распределбата на приходите е следната:

> Најбогати 1% – 11%

> Следни 9% – 24%

> Средни 40% – 45%

> Најсиромашни 50% – 19%

Во САД, распределбата на приходите е следната:

> Најбогати 1% – 21%

> Следни 9% – 27%

> Средни 40% – 41%

> Најсиромашни 50% – 10%

Според податоците на WID.world, Норвешка е држава со најмала нееднаквост на приходи споредено со останатите скандинавски држави. Уделот на најбогатите 1% е 6,9%, што е најмалку од сите скандинавски држави. Уделот на најсиромашните 50% изнесува 28,5%, што е најмногу од сите скандинавски земји.

Финска има поголема нееднаквост, меѓутоа не се разликува премногу од Норвешка.

Во Шведска и Данска, кои во минатото беа земани како пример на држави со ниска нееднаквост, нееднаквоста го надминала просекот на ЕУ.

Извор на податоци: World Inequality Database. – Шреземено од Фејсбук профилот на Стеван Трајкоски