АктуелноЛокално

Кираџиева: ДПМНЕ и СДС ако живееја во минатиот век, ќе ве убедуваа дека Гемиџиите се нестабилни личности

Весна Кираџиева, член на ЦК на Левица, со свој одговор по однос на коментарите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, кои обвинуваат дека „Левица се нестабилни личности“, по вчерашните случувања во Собранието на Р. Македонија каде се донесе новиот Деловник:

Гемиџиите, со цел да го свртат вниманието на светската јавност кон македонското прашање и ропството, сметале дека резултатите можат да се постигнат преку загрозување на интересите и капиталот на големите сили во Отоманското Царство, преку нападите и без непотребни човечките жртви, кога биле извршени солунските атентати.

Кираџиева направи паралела помеѓу Гемиџиите и реакцијата на пратениците на Левица во собранието, коментирајќи понатаму:

Патриотите на батерии ДПМНЕ и квислизите СДС, да живееја во минатиот век, ќе ве убедуваа дека Гемиџиите се нестабилни терористи.

На крајот од својата објава, таа завршува со:

ДА ЖИВЕЕ СЛОБОДНА И НЕЗАВИСНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА! Нашата борба за независност продолжува, не сме ние неоколонија на амбасадите!