Крмов: Ми нудеа 500.000 евра за да преминам во владејачката коалиција

СДСМ на чело со Зоран Заев му нудела на пратеникот на Левица, Борислав Крмов 500.000 евра за да премине во владејачката коалиција, открива пратеникот во вчерашното гостување во емисијата „Тешки муабети“ на Инфомакс.

„Почнаа од 100.000 евра, завршија со 500.000 евра. Зоран Заев нели ќе окрупнуваше опозиција, они и претходно така купувале и проба и нас да не купи, ама погрешно проценил,“ вели Крмов.

Понудата била дадена од поранешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев во периодот кога тој имаше најава за окрупнување на мнозинството. Пратеникот Крмов додаде дека ова било пракса и претходно, а сподели со јавноста дека не единствениот кој добивал вакви понуди.