Форум за интердискурзивен дијалог Philosophia chistiana ‘Чуму анархизам’во КИЦ
Утре (22.11.2023) со почеток од 19 часот во Културно информативниот центар – Скопје ќе се одржи Форум за интердискурзивен дијалог Philosophia chistiana ‘Чуму анархизам’.
Термините „анархизам“ и „анархија“ се користат во јавниот дискурс најчесто на негативен начин, како синоними за хаос и неред. Низ својата историја, анархистичките политички философии биле дискредитирани како од либералните, така и од државно-комунистичките, на пр. болшевички позиции. Па сепак, во времето на „кризата на демократијата“ и растот на политичките тензии, се чини дека е неопходно повторно да се актуелизираат еманципаторските философии кои биле потиснати под притисокот на доминантните (либерални или автократски) општествени парадигми. Врз база на искуството на левичарските идеи и практики, терминот „анархизам“ ќе се користи во оваа дискусија за да означи првенствено еден метод. Во своето изложување, Давор Џалто ќе посвети внимание на импликациите од примената на методот на анархизмот во сферата на општествено-политичката философија и конкретното дејствување, како и во контекст на политичката теологија. Притоа, ќе тој ќе ја аргументира тезата за важноста на анархизмот за православната политичка теологија и можноста за артикулирање на една православна „анархистичка теологија“. Респондентот во дискусијата е Ристо Солунчев.