АктуелноЛокално

„Титаник 2“ потона – Делото на Мијалков застаре – СДСМ и ДПМНЕ задоволни

Конечната потврда и од Апелациониот суд во Скопје дека кривичното дел на Сашо Мијалков за примање награда за противзаконито влијание во судскиот процес „Титаник 2“ е застарено и тоа уште до април.

Во последната одлука апелација пресуди дека останатите обвинети во предметот наместо затворски казни им се изрекуваат условни… По повтореното судење откако еднаш апелација уважи жалба и го врати процесот, сега на обвинетиот Мендух Тачи, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев  наместо две години затвор апелација затворските казни им ги замени со условни, односно да не сторат кривично дело во наредните 4 години.

Советот при апелација за ваквата одлука наведува: „ Ценејќи ја одлуката за изречената кривична санкција, советот на овој суд ги ценеше истакнатите жалбени наводи по однос на одлуката за кривичната санкција содржани во изјавените жалби од обвинетите, истакнати во насока дека првостепениот суд ги проценил отежнувачките за сметка на олеснувачите околности, поради што изречената казна затвор не е адекватна на тежината на делото и личноста на сторителите, и за истите најде дека се основани.“ Па, оттука повисокиот суд наведува дека ги зел предвид жалбите на обвинетите на последната јавна расправа во апелација.

Потсетуваме, за предметот „Титаник 2“ имаше две судења. И во повтореното судење Кривичниот суд ги прогласи за виновни сите обвинети и им пресуди по две години затвор. Според образложението на втората пресуда, која е со пониски казни од првата, обвинетите направиле директна повреда на изборното право во интерес на своите партиски интереси. Мијалков беше обвинет за примање награда за противзаконито влијание, а Тачи и екс членовите на ДИК за повреда на избирачкото право.

Потсетуваме, ова е само едно од низата застарени дела на поранешни функционери, како за функционерите од редовите на СДСМ, така и за функционерите од ВМРО-ДПМНЕ, партии чии пратеници спроведоа експресно прзо спроведување на измените во Кривичниот законик, каде пратениците на СДСМ ги изгласаа измените, додека од ДПМНЕ го овозможија кворумот за измените на законот да „поминат“!