Мојсоска: Владините функционери секогаш се исвиркани од својот народ кога се одбележуваат празници

Генералниот секретар на Левица, Јована Мојсоска бо емисијата „Утрински печат“ зборуваше за чествувањето на 151 година од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, и како тоа владата го имаше организирано целиот настан.

Според Мојсоска, причината за огромното присуство на полиција не беше поради нарушена безбедност, туку поради страв дека владината делегација повторно ќе биде исвиркана како претходните години.

Дефинитивно ова беше фијаско на оваа Влада! Со ограничување на движењето, да се чека да заврши владината делегација за да влезат останатите делегации… Моето мислење е дека сето ова беше направено со намета од Владата повторно да не бидат исфиркани.

Генералниот секретар на Левица смета дека со цел Владата да избегне соочување со сопствениот народ, беше организиран паралелен протокол.

Како што беше случајот лани, се сеќавате и тогаш имаше протокол, некое присуство на полиција далеку помалку од оваа година, и на излегувањето Пендаровски беше масовно исвиркан. Мислам дека ова беше вистинската причина за сето ова обезбедување! Буквално владата си направи настрана протокол, откако заврши владината делегацијата се дозволи влез на сите останати групи

На крај Мојсоска констатираше дека Владата не може да се сретне со својот народ, затоа што легитимитетот не го црпи од граѓаните.

Ова е дегутантно, ако највисоки државни функционери не можат да бида се движат слободно меѓу својот народ без да бидат исвиркани, ние тоа веќе не говориме за демократија, ние говориме за режим! – За Влада која легитимитетот очигледно го влече од други центри на моќ,- заклучи Мојсоска.