Лавров: ЕУ нема да ја исфрли Русија од Централна Азија и Јужен Кавказ
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Европската унија се обидува да ја „избрка“ Русија од Централна Азија, но дека „нема да успее“, во интервјуто објавено денеска непосредно по посетата на францускиот претседател Емануел Макрон на регион.
„Европската унија не ја крие својата намера да не заузда на секој можен начин, и да ја исфрли Русија од Централна Азија и Јужен Кавказ. Тоа нема да успее! – Русија нема да исчезне од овој регион“, – изјави Лавров во интервју за руската државна телевизија, чиј дел беше објавен на социјалните мрежи на новинарот што го интервјуираше Павел Зарубин.
„ Во овј регион сме биле историски присутни и никаде нема да исчезнеме. И нашите партнери и нашите сојузници тоа многу добро го знаат“, – изјавил Лавров.
Тој ги коментирал зборовите на францускиот претседател Емануел Макрон, кој го пофали Казахстан затоа што одбил да биде нечиј вазал, особено руски. Лавров оцени дека тоа се прилично силни зборови и констатации за дипломатски јазик.
На почетокот на ноември, Макрон го посети Казахстан, а потоа и Узбекистан, две поранешни Советски републики во Централна Азија, каде Париз сака да го зајакне своето присуство.
Минатата недела и рускиот претседател Владимир Путин го посети Казахстан и ја нарече таа земја „најблискиот сојузник“. Неговиот портпарол Дмитриј Песков оцени дека Западот развива врски со некои земји за да се спротивстави на влијанието на Москва.