(Видео) Димоски: За Алумина приказната е јасна – Место за вакво нешто во Општина Карпош нема

  • На 35. седница на Советот на Општина Карпош на наше изненадување, наместо информации околу градежните активности на просторот на поранешната фабрика Алумина, добивме презентација за погубниот, за карпошани, план на инвеститорот. Во прилог ви го пренесуваме излагањето на Советникот од Левица Мартин Димоски:

Само ќе констатирам дека има голем јаз помеѓу вас и нас. Вие сте платени да го планирате просторот и сте на некој начин задолжени да ги исполнувате желбите и барањата на инвеститорот. Од друга страна ние сме тука од страна на жителите на Општина Карпош и сме задолжени да ги праниме нивните интереси.

За „Алумина“ приказната е јасна – место за вакво нешто било каде на територија на општина Карпош нема! Јас сум сигурен сега да излеземе надвор и сите случајни минувачи да ги прашаме никој нема да одобри вакво чудовиште во Општина Карпош.

Затоа да не губите време и вие, да не грубиме и ние да го предлагам планот што го имате нацртано да го процесуирате понатаму, да го ставите на јавна анкета и да видите дека нема ниту еден Карпошанец, освен ако инвеститорот е од Карпош, што ќе гласа и ќе го поддржи овој план за „Алумина“, и нека дојде на Совет каде што ќе го отфрлиме. Баш сакам да видам и кој советник ќе дигне два прста на вакво нешто.