Бесник – Судија со претставка за љубовна афера избран за Претседател на Граѓански суд – Скопје

Денес на седницата на Судскиот Совет за нов претседател на Граѓански суд Скопје беше избран судијата Бесник Авдија. Карактеристично за тоталитарните модели на демократија бил единствениот кандидат.

Карактеристично за тоталитарните модели на демократија, Бесник бил единствениот кандидат за претседател, иако има само две години искуство работа во Судот, а позади себе нема никаква професионална биографија. Единствената вест за овој судија која постои во судот се двете претставки кои се поднесени против него од граѓанин, а за наводна љубовна афера во просториите на Судот, за која постоеле и снимки.

Ситуацијата е до толку очајна и зад грбот на јавноста што на сајтот на судот нема ниту негова фотографија.

Од Политичката партија Левица велат дека овој граѓански суд важи за симбол на неажурноста во македонскито судство, а хаосот е направен од досегашниот претседател Илир Сулејмани

Граѓаните се изложени на големи трошоци за да поведат постапка, која понатаму стои заглавена во судски лавиринти поради недостиг и неажурност на судиите. Судиите се често отсутни поради што се одложуваат постапките, а кога се во судница, поради наводно преголемиот обем на работа, не се заинтересирани да го завршат предметот експедитивно. Одговорност за ваквиот хаос, покрај претседателот во заминување – Илир Сулејмани, има и министерот Кренар ЛОГА, кој наместо да промовира сериозни реформи во правосудството, тој со своите етно-трибалистички испади неуставно се обидуваше да воведе националност во изводите.