Левица: Нов контроверзен претседател доби неажурниот Основниот граѓански суд – Скопје

  • Реакција на Политичката партија Левица

Денес Судскиот Совет за нов претседател на Граѓански суд Скопје го избра судијата БЕСНИК АВДИЈА, кој беше единствениот кандидат. За единствениот кандидат, кој има две години искуство во Судот, нема никаква професионална биографија во медиумите, а и на сајтот на судот нема ниту негова фотографија. Единствената вест за овој судија се двете претставки кои се поднесени против него од граѓанин, а за наводна љубовна афера во просториите на Судот, за која постоеле и снимки.

Претседател на Граѓанскиот суд Скопје во два мандати беше судијата ИЛИР СУЛЕЈМАНИ. До Левица постојано пристигнуваат жалби од граѓани дека судските постапки траат предолго и рочиштата се одложуваат без причина. Особено како неажурен суд го посочуваат Основниот Граѓански Суд Скопје, каде судските постапки траат со години. Ова го потврди и Судскиот совет, кој ги усвои пред една недела извештаите за работата на судовите за второто тримесечие за 2023 година, каде утврди дека Основниот граѓански суд Скопје е еден од неажурните судови.

Граѓаните се изложени на големи трошоци за да поведат постапка, која понатаму стои заглавена во судски лавиринти поради недостиг и неажурност на судиите. Судиите се често отсутни поради што се одложуваат постапките, а кога се во судница, поради наводно преголемиот обем на работа, не се заинтересирани да го завршат предметот експедитивно. Одговорност за ваквиот хаос, покрај претседателот во заминување – Илир Сулејмани, има и министерот Кренар ЛОГА, кој наместо да промовира сериозни реформи во правосудството, тој со своите етно-трибалистички испади неуставно се обидуваше да воведе националност во изводите.

Левица во својата Програма предвидува низа мерки со кои правосудството ќе се ослободи од канџите на партизацијата и непрофесионалноста како: укинување на трајниот мандат на судиите и воведување ограничен мандат од девет години; воведување построги услови за избор на судии и поголем стаж за нивен постепен и скалест напредок; како и дефинирање на флоскулата „истакнат правник“, со цел спречување на нејзина идна злоупотреба при изборот на членови на правосудните тела.

All reactions:

18Katerina Jovanovska, Persida Otovic-Stojanovska and 16 others