Јанески: Левица има константен раст, затоа се плашат нашите политички опоненти

  • Дел од гостувањето на раководителот на Црвена Младина – Марио ЈАНЕСКИ во Тешки муабети.

– Кај нас не гласаат луѓето затоа што очекуваат дека ние ќе ги вработиме, гласаат затоа што искрено веруваат дека може да се смени нешто. И од таму е нивниот страв, затоа што нас нѐ препознаваат најмногу оние кои не гласале досега, нас нѐ препознаваат младите кои досега не сакале да гласаат. Затоа што и едните и другите ги видовме што направија, изјави Јанески.

Според него, политичките опоненти на Левица се плашат бидејќи ако дојде Левица на власт, веројатно ќе треба да одговараат за криминалите кои ги правеле изминатите 30 години.

Се плашат затоа што ќе им се наруши нивното статус кво, се плашат затоа што им сѐ загрозени нивните бизниси, ете за тоа сѐ плашат!

Народот во Левица препознава некоја енергија, затоа што народот во Левица препознава некоја револуционерна енергија, некој борбен дух и затоа се плашат, додаде тој.