Политичкото крило на ИРА – Шин Феин – победи на изборите во Ирска

Левичарската националистичка партија, некогаш наречена „политичкото крило на ИРА“, Шин Феин, победи на генералните избори во Ирска. Шин Феин освои 24,5% од гласовите, додека најголемите партии досега – Фиана Феил и Фин Гејл – освоија 22,2% и 20,9%.

И двете десничарски партии одбиваат да преговараат со Шин Феин за формирање влада, наведувајќи ги левичарската политика и врската со ИРА како пречки за соработката. Шин Феин ќе се обиде да формира влада со помали партии, а за да успее потребни се 80 од 160 места во парламентот, што засега изгледа како сериозен предизвик.

Лидерката на партијата, Мери Лу Мекдоналд, соопшти дека доколку стане премиер, ќе се залага за обединување со Северна Ирска, унапредување на статусот на ирскиот јазик како еден од двата официјални јазици во Ирска, за прогресивно оданочување, реформи во здравството итн. Таа, исто така, најави официјална поддршка за палестинската борба против колонијализмот и поддршка за борбата на Баскија за отцепување од Шпанија. Исто така, лидерката на Шин Феин го искритикува Европскиот парламент за неолибералните политики, аргументирајќи дека истиот го намалува суверенитетот на земјите-членки.