Левица: Македонија со најнизик раст во 2024

Реакција на Сектор – Политичка економија

Според редовниот економски извештај на Светска банка, Република Македонија во 2024 година ќе забележи раст на реалниот БДП од 1.8% за 2023, до максимални 2.5% во 2024 година.

Економскиот раст на Република Македонија забавува во второто тримесечие од 2023 година. Иако на почетокот од оваа година Македонија забележи раст од 2.1%, во К2 растот на БДП изнесуваше само 1.1%.
Падот на бруто домашниот приход произлегува од намалениот капацитет на производство кај тешката индустрија, помалиот процент на извозни стоки и капиталните инвестиции.

Иако според одредени владини функционери кои говореа дека платите во Република Македонија растат, сликата е обратна. Потрошувачката е намалена за 1.6%, а како главна причина е инфлацијата која ја намали куповната моќ на домаќинствата.

За споредба со останатите држави во регионот, Македонија се наоѓа на последното место, додека најголем раст се очекува кај Косово со 3.9%. Покрај Косово, над 3% раст на БДП се очекува кај: Албанија, Црна Гора и Србија, додека БиХ со очекуван раст од 2.8%.

Јавниот долг постојано расте по ковид кризата. Со 59,1 проценти од БДП во јуни 2023 година, јавниот долг е повторно поголем за разлика од 2019 година.
Инфлацијата помогна да се намали дел од долгот во однос на БДП, но јавниот долг на Македонија и понатаму расте. Неисплатените обврски и понатаму остануваат над 3 проценти од БДП, главно поради неплаќањето од страна на претпријатијата во државна сопственост, здравствениот сектор и локалните власти.

Поттикнувањето на растот и забрзувањето на конвергенцијата бара спроведување на многу потребни реформи кои се запрени поради долготрајната блокада на Собранието каде главната улога ја имаат комисиите водени од Претседателите поставени од ВМРО-ДПМНЕ и СДС.