Јанков: Нови 33 илјади жители ќе се населат со изградба на зградите кај Треска

 Дел од гостувањето на членот на Централниот комитет на #Левица – Андреа Јанков во емисијата ,,Тешки муабети”:

 ,,2012 година се носи Генералниот урбанистички план за Скопје за наредните десет години до 2022 година, и со него се предвидуваат одредени параметри. Со тој ГУП на овој простор се предвидува домување за околу 10 илјади нови жители. Меѓутоа, донесен е ДУП којшто е два пати истечен, поради периодот на траење од 5 години, и во спротивност на ГУП-от и се предвидуваат поголеми параметри.

Надминувањето на параметрите, во овој случај, значи: наместо 10 илјади жители да се предвидуваат за домување на просторот, со исечениот ДУП се предвидуваат неверојатни 33 ИЛЈАДИ луѓе.

За илустрација, сега во Општина Центар живеат нешто под 45 илјади луѓе – што значи дека населението во рок од 5 до 10 години само со Треска ќе се дуплира, додека имаме и други локации како зградите кај Холидеј Ин.”