АктуелноЛокално

Филипче не знаел дека медицинска сестра нa Онкологија крадела цитостатици

Поранешниот министер за здравство Венко Филипче на денешната седница на собраниската Анкетна комисија за Клиниката за онкологија одговарајќи на прашањата на пратениците истакна дека до него додека бил не стигнала информација оти во 2020 година на Клиниката за онкологија имало медицинска сестра што крадела терапија и пак била вратена на работа.

Не стигнала до мене информација дека се истражува или дека се случила таква работа тогаш, рече Филипче на Анкетната комисија, што истражува евентуална политичка одговорност за скандалот Онкологија.

Екс-министерот за здравство нагласи дека во неговото министерување се донеле лекови за сите пациенти кои дотогаш ги немало во државата.

Политичката одговорност треба да се бара претходно, зошто немало лекови, односно имало, ама само за мал број пациенти…Ако имало криминал во мое време, тоа е во рамките на други истражни институции, не на министерот за здравство, рече Филипче.