Си Џинпинг: Србија е челичен пријател на НР Кина

Кинескиот претседател Си Џинпинг, по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија е „челичен пријател“ на НР Кина. Тој додаде дека билатералните односи ги издржале геополитичките промени на меѓународната арена кои се случуваат во последните години и констатираше дека ова пријателство е пример за тоа какви односи треба да градат европските земји со НР Кина.


Тој нагласи дека НР Кина цврсто ја поддржува Србија во зачувувањето на нејзиниот национален суверенитет и територијален интегритет и дека е подготвена да продолжи да ја зајакнува стратешката синергија со Србија со цел традиционалното пријателство на двете земји да го претвори во повеќе плодови на практична соработка, пренесе агенцијата Ксинхуа, повикувајќи се на C-Si TV.


„Билатералната соработка во области како што се инфраструктурата и производствените капацитети даде плодни резултати, а квалитетот и ефикасноста на практичната соработка помеѓу двете земји континуирано се подобруваат“, рече Си по средбата со Вучиќ, кој е во Пекинг на третиот Форум за Меѓународна соработка “Појас и пат”.


Според него, двете страни, во период на забрзани геополитички промени во светот, кои, како што вели, не се видени веќе еден век, треба да ги гледаат билатералните односи од стратешка и долгорочна перспектива и цврсто да ги поддржуваат суштинските интереси и развој помеѓу двете земји.